0 коментари 2 мин. читање 28 јануари, 2013

Amazon Kindle Fire е најуспешниот Android таблет компјутер во моментот

Amazon се покажува како најуспешна компанија на пазарот на Android таблет компјутери на кој од неодамна се појави и Google Nexus 7, кој иако им се допадна на потрошувачите, сепак тие одбираат да користат Kindle Fire. Ваквата констатација доаѓа од проценките на Localytics кои се извадени од анализа на инсталирани апликации на 500 милиони уреди.

Според аналитичарите, Amazon Kindle Fire е најкористениот таблет компјутер во светот. Но, „светот“ тука има малку потесно значење бидеќи 59 отсто од таблет компјутерите се користат во САД, а на тој пазар се 89% отсто од сите Kindle Fire продукти. Проблемот во проценките е што Amazon првин ги лансираше своите уреди на американскиот пазар, па потоа, при крајот на 2012-та, ги стартуваше во Европа и другите земји. Интересно, Nexus 7 и Samsung Galaxy имaат само 8 отсто, односно 9 отсто од уделот на американскиот пазар. Втор најголем пазар на Android таблет компјутери e Велика Британија која има само 5 отсто.

Тоа што го прави Amazon Kindle Fire привлечен е што Amazon го следи моделот на Apple, нудејќи им на корисниците на таблет компјутери пристап до одлична содржина. Како што вели директорот Џеф Безос, целта на Amazon му е да продава услуга, а не хардвер.

Kindle Fire е можеби најуспешен продукт меѓу Android уредите, но тој и сите други заостануваат зад Apple iPad, кој држи 55 отсто од сите продажби на таблет компјутерите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top