0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2012

ЕУ објави јавна бета од својот портал за отворени податоци

Европската Унија ги отвори своите податоци кои сега се достапни за сите преку порталот http://open-data.europa.eu. Отворените податоци се информации кои може слободно да се користат и да се дистрибуираат од било кого. Во овој случај со ЕУ, тоа се сите податоци кои се поврзани со јавните тела во ЕУ. Од комисијата не сакаат премногу луѓе да знаат за отворената бета, додека порталот не биде официјално (ре)објавен во јануари 2013-та година.

„Овој портал е за транспарентност, отворена влада и иновации. Порталот за податоци на Европската Комисија нуди пристап до отворените јавни податоци од Европската Комисија. Исто така, тој нуди и податоци од другите институции во ЕУ“, стои во соопштението на порталот.

Овој портал е резултат на стратегијата за отворени податоци која беше објавена во декември минатата година, а од комисијата се залагаат и за отварање на посебни портали за секоја земја, така што би се изградила поголема база на отворени податоци.

[youtube]rWYTT-eUtsw[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top