0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2012

Иран се одбрани од нов Stuxnet сајбер напад

Инфраструктурата на Иран е постојана цел на сајбер напади, вели Иранската цивилна одбрана. Последниот напад е врз електраната Бандар Абас која се наоѓа на југот на земјата, но произведува струја за поголем број на околни провинции. Според цивилната одбрана, тие успеале да спречат напад од контроверзниот црв Stuxnet за кој се вели дека е сајбер оружје на САД.

„Компанијата за снабдување со електрична енергија Bandar Abbas се најде под сајбер напад. Сепак бевме подготвени и ја спречивме експанзијата со навремено предземање на мерки но и со помош на вешти хакери“, изјави локалниот шеф на цивилна одбрана, Али Акбар Акаван.

Мистериозниот Stuxnet беше откриен во 2010 година. Вирусот беше вметнат во нуклеарните центри со цел сериозно да ја забави иранската нуклеарна програма. Откако беше откриен, Иран ја засили безбедноста и сега нападите се спречуваат или барем се отежнуваат, иако во април, сајбер напад ги принуди да ја затвораат клучни постројки за транспорт на нафта, заклучно со главната постројка за извоз на сурова нафта.

Целта на овој малициозен софтвер на почеток беа SCADA системите во постројките за збогатување на ураниум, сепак се покажува дека софтверот е погоден за сајбер-тероризам врз целата индустрија која користи Siemens PLC (Programmable Logic controller). Црвот се шири преку Microsoft Windows, но својот разорен потенцијал го достигнува кога ќе ги инфицира и репрограмира контролерите.

[youtube]CS01Hmjv1pQ[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top