2 коментари 1 мин. читање

Google+ доби групи, или поточно Communities за сите 135 милиони корисници

Ништо ново што веќе не сме го виделе на Facebook и Twitter, но новост кај друштвената мрежа на Google. Google често размислува како функционираат луѓето и истото се обидува да им го пренесе преку своите сервиси, па така, од денес Google+ има нов сервис – Communities.

Најверојатно веќе знаете за што се работи, но Communities им овозможува на корисниците да создаваат групи и да комуницираат со луѓето кои се приклучени во истата и имаат слични интереси. Ова е нешто налик кај групите на Facebook, само што овде е вклучена и можноста за комуницирање преку Hangout.

Според Google,  Google+ е најбрзо растечката друштвена мрежа. Но иако Google+ има пола милијарда корисници, но бројот на корисници кои се активни е многу помал. Околу 235 милиони корисници се активни на Google+ преку останатите услуги што ги нуди оваа платформа (пример: +1 копчето), додека бројот на корисници кои ја користат оваа друштвена мрежа во вистинска смисла на зборот изнесува 135 милиони.

[youtube]lpUDWCSRQIU[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

2 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top