3 коментари 1 мин. читање

Google го редизајнираше YouTube, сега има повеќе канали и претплати

Google веќе неколку денови полека го стартува новиот дизајн на YouTube, а од денес веќе истиот им е на располагање на сите корисници. Во овој нов дизајн, кој е доста голема промена, YouTube во фокусот на својата страница ги става каналите на кои сте претплатени.

Покрај поедноставувањето на дизајнот, YouTube го има променето и плеерот на видеа и скоро целиот распоред на елементите додека се гледа видео, како и лентата со видеа на плејлистите. Од десната страна на видеото се наоѓа сличната содржина стоа што го гледате, додека од левата страна можете да ги видите и другите прикачувања од корисникот.

Исто така, ново во YouTube е претплатувањето на цела категорија од канали, односно со еден клик можете да се претплатите на било која категорија од канали (пример: музика) и да добивате известување кога е објавено ново видео.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top