После објавувањето на Windows Phone 8 на почетокот од овој месец и критиките од Стив Балмер кон Google и Apple, корисниците ги пријавија своите први проблеми со своите уреди од HTC и Nokia.
На форумите за техничка поддршка на произведувачите на мобилните уреди и оперативниот систем веќе може да се пронајдат пријави и дискусии за проблемите со своите паметни телефони. На Windows Phone Central форумот се наоѓаат преку 140 прашања за случајно ресетирање на HTC 8X уредот, а околу 50 проблеми се пријавени и на официјалниот форум на Microsoft.
Исто така, преплавени се и форумите на Nokia со проблеми со ресетирањето и смрзнување на екранот на Nokia Lumia 920, како и за кратко траење на батеријата.
Изјава од Microsoft и од произведувачите на мобилните уреди, сè уште нема.
HTC 8X е достапен во Македонија по различна цена, во зависност од договорот, додека само телефонот чини 29,999 денари. Повеќе за Windows Phone 8 на IT.com.mk можете да прочитате овде.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.