Истражувачи најдоа начин да го подобрат WiFi сигналот за 700 отсто

во Веб, Хардвер

Тим инженери од Универзитетот NCSU пронајдe начин за засилување на Wi-Fi сигналот до 700 проценти, јавува ExtremeTech. За имплементирање на новото решение нема да биде потребен нов хардвер, бидејќи решението е чисто софтверскo. Ова значи дека истото ќе може да се искористи и на веќе постоечките мрежи, Решението е наречено WiFox, а заснован е на интелегентно следење на појавување на заостанати податоци.

Новиот систем ќе ги подобри јавните WiFi мрежи повеќе отколку домашнaтa Wi-Fi мрежa. Причината за ова е што на домашната мрежа поретко се приклучува број на корисници кои може да го „задушат“ каналот.

Истражувачите го испробаа програмот на WiFI мрежата во нивната канцеларија, која може да опслужува 45 корисници. Разликата во квалитет пред и по имплементацијата се зголемува со бројот на приклучени корисници, а најголема е при максималниот број кој може да го услужи уредот. Па така при приклучени 25 корисници подобрувањето били 400 отсто, а при максимални 45 корисници подобрувањето достига 700 отсто.

Кога софтверот кој го креираа инжинерите ќе забележи доцнење поради недоволен опсег, го вклучува приоритетниот мод. Во овој момент пристапната точка добива целосна контрола на каналот, се додека не се испратат заостанатите податоци. Или како што објаснува The Next Web, софтверот работи како „полицаец на раскрсница“ обезбедувајќи постојан проток на податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments