3 коментари 2 мин. читање

Македонските граѓани ќе плаќаат сметки преку мобилен телефон

Македонските граѓани наскоро ќе можат да плаќаат одредени услуги преку мобилен телефон, интернет или кабелски оператор, најави Министерството за финансии. Промените се предвидени во измените на Законот за платен промет, кои ќе дозволат мобилните оператори да постават терминали каде што се вршат одредени услуги, преку кои ќе може да се наплати со мобилен телефон, наместо со кредитна картичка.

„Со приложување на мобилниот телефон на тие терминали, исто како што со кредитна картичка се врши плаќањето да се активира вашата сметка на мобилниот телефон со внесување пин да се плати сметката. Потоа на крајот на месецот трошокот ќе биде вклучен во фактурата која ќе ви ја достави мобилниот оператор.“, објаснува министерот за финансии Зоран Ставрески.

Според министерот ова ќе придонесе за зголемена конкуренција во платниот промет, намалување на провизиите и олеснување на граѓаните од аспект на тоа кога треба да платат некоја услуга да имаат повеќе опции на располагање. Но, министерот не спомена дали тие терминали ќе бидат со NFC технологија, што е важно бидејќи за да се користат ќе треба граѓаните да имаат и паметни телефони кои поддржуваат NFC технологија.

Oвие услуги ќе бидат ограничени на поединечен износ до 1.000 денари, односно вкупно 6.000 денари во текот на месецот.

Нема точен датум кога ќе биде достапно плаќањето преку мобилен, бидејќи треба операторите и оној што ја дава услугата да склучат договор и да се исполнат критериумите за вршење на платениот промен на Народна банка, која ќе треба да им даде одобрение на операторите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top