„Доколку не можете да го купите, изградете го“, гласи воведната порака на написот објавен на NY Times и се однесува за воведувањето на сопствени филтри за фотографиите прикачени на Twitter.
Доколку им се верува на гласините кои се проширеа низ друштвените мрежи, Twitter наскоро на својот сервис за прикачување на фотографии ќе почне да нуди и филтри за истите, нешто налик на Instagram.
Со овој чекор, најверојатно од Twitter сакаат да му зададат удар на Instagram и Facebook, и знаејќи дека голем дел од Instagram фотографиите се споделуваат на Twitter, од компанијата сакаат да им овозможат на корисниците истите ефекти да ги користат. Така корисниците ќе може да ги објавуваат своите фотографии директно преку Twitter апликацијата и истите тие ќе ги имаат под контрола.
Што мислите вие за овој потег на Twitter? Дали доколку ги воведат овие ефекти, ќе ги користите интегрираните во Twitter или ќе продолжете да го користите Instagram и да ги споделувате фотографиите од таму на Twitter?







