15 коментари 3 мин. читање

Што велат програмерите за Windows 8? Интервју со студентите од FINKI Tech Club

Што мислат програмерите за новиот редизајниран Windows 8? Разговаравме со студенти на FINKI Tech Club, Виолета Крлевска, MSP Alumni, Бојан Велјановски, MSP Expert, и Дејан Младеновски, MSP, кои ни објаснија какви предности носи овој нов оперативен систем.

„Новиот оперативен систем Windows 8е далеку подобар од се што досега сме користеле. Дефинитивно претставува бум во ерата на компјутерите.“

Која е разликата помеѓу Windows 8 и Windows 7? И како се прифатени промените од страна на програмерите?

Windows 8 е тотално нова верзија од Microsoft која вклучува нов стил на интерфејс кој се користи за екрани со допир. Windows 7 исто така работеше на екрани со допир, но Windows 8 е далеку поусовршен и подобар. Новиот Start Screen вклучува applicaton live tiles, плочки, кои овозможуваат корисникот поинтерактивно и побрзо да ја избере саканата апликација и од неа да ги добие потребните информации. Овој интерфејс работи и на машини кои не поддржуваат допир, така што целата интеракција се изведува преку глувче.

Windows 8 овозможува употреба на новата платформа, Windows Runtime (WinRT), за креирање на нов тип на апликации во кои се олеснува меѓусебното споделување на податоците преку NFC, а притоа самите апликации можат да бидат напишани на различни програмски јазици (C++, C++/CX, C#, Visual Basic .NET или HTML5 и JavaScript). До сега Windows поддржуваше само x86 Intel и AMD PCs, но со појавата на Windows 8 сето тоа се смени, бидејќи поддржува уреди што работат на ARM архитектура. Клучен дел од Windows 8 e Windows Store која нуди Модерни UI апликации, бесплатни или  со плаќање. Овде на едноставен и прегледен начин се прикажани сите апликации кои ги собржи Windows Store, категоризирани по тип и цена. Исто така, новитет кај овој оперативен систем е интеграцијата со cloud така што оперативниот систем ги синхронизира поставките, апликациите и сликите од вашиот PC со вашиот таблет или мобилен уред.

Како се прифатени промените од страна на корисниците е се уште рано да се каже бидејќи  денес е официјалниот датум на кој Windows 8 се појавува на пазарот, но од наше лично искуство, новиот оперативен систем е далеку подобар од се што досега сме користеле. Дефинитивно претставува бум во ерата на компјутерите.

Дали и зошто Windows 8 е подобар од Windows 7 од гледана точка на развивач?

За првпат може да го имате истиот оперативен систем на било кој уред (десктоп, слејт, таблет) и согласно тоа потенцијалот да го испорачате вашиот софтвер на сите тие уреди е огромна. Моментално има преку 700 милиони инсталирани Windows 7 компјутери и уште толку од постарите верзии. Сите тие се идни корисници на Windows 8! За програмерите атрактивниот момент е што доколку развивале во C#, Visual Basic или C++, со минимални знаења може да започнат развој на нова Windows 8 Store апликација. Уште поатрактивниот дел е тоа што HTML и JavaScript прорамерите можат да ги развијат поточно истите платформски апликации без никаква потешкотија.

Кои се предностите на користење на таблет компјутерите во споредба со персоналните комппјутери? (од кориснички и од дев. аспект)

Ова се уреди кои се наменети за различна група на корисници. Персоналните компјутери остануваат примарна алатка за работа во сите бизниси. Таблетите, од друга страна, стануваат уред на кој продолжувате да останете конектиран со деловниот свет, но во движечка форма. Според некои предвидувања, слејтовите (PC архитектура во мобилен дизајн) ќе го превземат приматот бидејќи така корисниците ќе можат истите уреди да ги користат и на работа и дома. И секако Windows 8 на ARM платформата дефинитивно ќе биде повеќе од интересен концепт и опција корисниците да останат со истото корисничко искуство и на оваа платформа.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

15 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top