Zulu.mk – македонските ТВ станици онлајн!

во Блог

Без некоја официјална најава и подетални информации, интернет сервис провајдерот Он.нет го објави онлајн сервисот Zulu (по некоја случајност се римува со Hulu) кој овозможува гледање на македонски ТВ станици преку интернет протокол. Zulu.mk, кој сеуште е во бета фаза, нуди бесплатно онлајн емитување на 11 македонски ТВ канали во живо, а се промовира под слоганот "Plug & Play Клик & глеј".

{mosimage}

Сервисот го тестирав во различни периоди од денот и морам да кажам дека функционира одлично, иаку во некои случаи знаеше да задоцни по некоја секунда, но не верувам дека на некого би му пречело тоа.

Исто така, за пофалба е фактот што стримингот не е ограничен само на македонските интернет корисници – според моите информации, Zulu одлично функционира во Канада, Холандија, Ирак и САД (каде што беа забележани мали привремени прекини).

Ваков сличен сервис кој нуди пренесување на видео програма на неколку македонски телевизии (Kанал
5, А1, Сител, К-15…) преку интернет протокол е My-Home-TV.com, кој функционира уште од 2007 година. Сервисот на почетокот исто така беше бесплатен, но подоцна беше воведен модел кој понуди претплата од околу 10 канадски долари месечно, или 55 канадски долари за 6 месеци, односно 110 CAD за 1 година.

Дали и сервисот на Он.нет наскоро ќе воведе претплата за преземање на содржините или ќе воведе поинаков бизнис модел, ќе видиме… засега останува да уживате во бесплатните содржини кои имајте предвид дека не го "штедат" вашиот bandwidth. :-)

{mosimage}

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments