0 коментари 1 мин. читање

Симнете си ги сите ваши YouTube видеа од Google Takeout

Google овозможи да си ги симнете сите ваши YouTube видеа од Takeout центарот кој се користи за преземање на сите ваши лични и јавни податоци кои сте ги оставиле на сервисите на гигантот. До сега можеше да се симне транскодирано видео од видео менаџерот на YouTube, но сега може да се симнат сите оригинални видеа со еден едноставен клик. Видеата ќе бидат симнати во оригиналната форма без трансфoрмација.

„Закачувате ваши видеа, симнувате ваши видеа.“, кратко сумира Google.

За да си ги земете вашите видеа, посетете го Google Takeout. Треба да знаете дека од тука не може да симнете поединечни видеа, туку сите на куп.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top