0 коментари 2 мин. читање 27 септември, 2012

Креаторот на Minecraft не сака играта да работи на Windows 8, сака PC-то да остане отворена платформа

Би сакал играта воопшто да не работи на Window 8, отколку да играм според нивните планови, вели Маркус Notch Персон, креаторот на популарната игра Minecraft.

Toj објаснува дека Microsoft побарале од него да ја сертифицира Minecraft за Windows 8, но тој ги одбил. Microsoft бара игрите кои ќе се продаваат преку нивната Windows 8 продавница да бидат сертифицирани. Но, според г. Персон, тоа е лош потег бидејќи „го уништуваат PC-то како oтворена платформа“.

Многу независни гејминг студија и некои поголеми како Valve се сложуваат со него, и веќе изразија загриженост дека Microsoft ќе го „затвори“ Windows 8 бидејќи бара присуство на Windows Store и 30 отсто од продажбите. Друга загриженост е дека ќе се филтрираат надоградбите на игрите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top