Wikipad е гејминг таблет компјутер кој работи на Android

во Хардвер

Wikipad се нов производител на таблет комјутери, иако можеби е поточно е дека се нов производител на гејминг таблет комјутер. Wikipad е Android 4.1 уред на кој најпрепознатлива карактеристика му е контролерот кој се прикачува на таблетот и го претвара таблетот во „overpowered game boy“.

[youtube]mOSuzGnE-XA[/youtube]

Спецификациите на таблетот не се лоши, четири јадрен Tegra 3 процесор на 1.4 GHZ, 10.1 инчен екран на допир. Екранот е 16:10 со резолуција 1280х800 и е заштитен со Gorilla glass. Wikipad има и  1 GB DDR2 меморија, 16GB флеш меморија и микро SD слот кој подржува надградба до 32 GB. Покрај ова таблетот има 3 сензори за положба, жироскоп Bluetooth и WiFi конекција и батерија која овзможува осум часовно гледање на видео.

Таблет компјутер е опремен и со две камери предна 2-мегапиксели и задна 8-мегапиксели опремена со автоматско фокусирање и блиц. Најголема предност на уредот може да биде неговата конективност со гејминг преку облакот. Односно со Sony PlayStation мрежата, поточно со Gaikai.

Не контролерот кој несомнено е предност кај гејмерите, туку токму Gaikai може да го популаризира таблетот. Ако платформата за играње преку „облак“ нуди доволен број на содржини кој ќе го подржуваат контролерот, тогаш таблет компјутерот ќе има иднина. Во споротивно никој не сака гејминг таблет на кој може да игра само 3 игри.

[youtube]PoJrmWtvIcg[/youtube]

Малку е чудно во време кога сите останати таблет компјутери ги форсираат екраните на допир, иако судбината на овој таблет како и на сите други ќе биде одредена од содржинитe кои ќе ги нудат, а не од хардверот кој го имаат. Ако успеат да издејствуваат соработка со доволен број на развивачи на Android игри, кои ќе ги прават игрите со подршка за контролерот, таблет компјутерот можеби ќе има успех, иако цената од 500 долари можеби ќе се покаже погубна. Ексклузивно право да го разгледаат уредот имаше The Verge.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk