1 коментар 1 мин. читање

Правете ги работите што е можно поедноставни, советува ко-основачот на Instagram

Ко-основачот на Instagram, Мајк Крајгер, вчера излезе на сцената на GigaOm Mobilize Conference да зборува за почетоците на Instagram и како апликацијата беше во можност да ги собере и приспособат огромниот број на прилив на корисници. Моментално Instagram има повеќе од 100 милиони корисници и потенцијал да пристапи до 900 милиони корисници откако Facebook го купи стартапот за скоро 800 милиони долари.

Советот за успех кој г. Крајгер го споделува е: „Правете ги работите што е можно поедноставни“. За Instagram, тие се фокусирале на три работи: брзината, извади ги најдобрите фотографии користејќи ја веќе постоечката камера и овозможи им на луѓето да комуницираат

Instagram фотографиите се со големина од 612 х 612 пиксели, бидејќи тимот на Instagram виде дека таа резолуција беше минималната густина на пиксели што и е потребна на оваа апликација да ги прикаже фотографиите на iOS уредите.

Развивањето на првата мобилна апликација, вели Крајгер, исто така е и голема предност, бидејќи сте ограничени во тоа што знаете и умеете да го направите. Кога веќе имате листа на идеи што да содржи таа апликација, најдобро е да се држите до нив.

„Во вашата прва верзија, не ги комплицирајте работите. Покажете го вашиот концепт, па потоа одлучите колку длабоко ќе одите.“, вели г. Крајгер.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top