Пиволенд, во соработка со CodeWell, стартуваа официјална апликација за фестивалот кој ќе се оддржи од 29-ти август до 2-ри септември на паркинг просторот пред спортскиот центар Борис Трајковски.
Android апликацијата не е ништо посебно, но е доволна. Нуди преглед на пивата кои ќе можат да се најдат на фестивалот чии врата се отворени за сите, и преку неа може да најдете детали за програмата преполна со музички имиња како Рамбо Амадеус, Negative, Drum’n’Zez, The John, Pumpers и многу други.


Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.