Како што и најавивме, облак сервисот на Microsoft, SkyDrive пристигна и на Android платформата. Апликацијата е достапна на Google Play и може да се инсталира на сите Android паметни телефони кои користат 2.3 или некоја понова верзија.
SkyDrive за Android ги нуди сите основни функции за еден таков сервис, односно можете да ги прегледувате вашите документи што се наоѓаат во облакот, како и да ги споделувате. Исто така, можете и директно од вашиот мобилен телефон да додавате нови документи, слики и сл.
Апликацијата е бесплатна, а за да го користите SkyDrive, како и нормално, ќе ви биде потребен Outlook (екс-Hotmail) профил.