12 коментари 2 мин. читање

Samsung му должи 1 милијарда долари на Apple поради копирање на iPhone

По една година расправање, американскиот суд пресуди во полза на Apple, велејќи дека Samsung со Galaxy S уредот го копирал дизајнот и интерфејсот на iPhone 4 и затоа, поради прекршување на патенти, ќе треба да плати 1,049 милијарди долари. Казната е огромна, но за среќа многу помала од 2,5-те милијарди кои Apple ги бараше заедно со забрана на продажбата на уредите кои ги прекршуваат патентите. Меѓу тие уреди не се најновите Galaxy телефони и таблет компјутери.

Судијата пресуди дека трите софверски патенти на интефејсот на iOS биле злоупотребени од Samsung за неколку уреди. Дополнително, Samsung со неколку уреди ги злоупотребил патентите за дизајн на изгледот на iPhone и патентот за зумирање во текст со два брзи допири на прстите. Судот ги отфрли сите барања за надоместок и поплаки од Samsung дека Apple прекршил нивни патенти.

Samsung веднаш откако беше донесена казната излезе со изјава во која најави дека ќе се спротистави на одлуката и ќе поднесе поплака.

„Денешнава одлука не треба да се гледа како победа на Apple, туку пораз на американските корисници. Ова ќе резултира во помалку избор, помалку иновација и потенцијално поголеми цени.“, вели јужнокорејската компанија.

Што вели Google за одлуката?

Samsung во изминативе две години стана лидер на пазарот на паметните телефони, но во тоа беше помогнат од Android, мобилната платформа на Google, според кого оваа одлука не е конечна се додека не помине пред апелациониот суд.

„Мобилната индустрија се движи брзо и сите играчи – и тие новите – се изградуваат врз идеи кои постоеја со декади. Работиме со нашите партнери да им дадеме на корисниците иновативен начин и продукти со добри цени, и не сакаме да ограничиме никого“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

12 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top