1 коментар 1 мин. читање

YouTube започна да бара од корисниците да ги користат своите вистински имиња

Голем број на корисници овие денови добија порака од Google за да го користат своето вистинско име кога се логираат на нивен продукт. Ова не е ништо ново од страна на Google, тоа е услов за користење уште од самиот почеток на Google+, а наскоро ќе биде и на YouTube.

Пораката за користење на вистинското име, се појавува кога ќе се обидете да коментирате на некое видео, но сигурно за брзо време Google ќе започне да ги форсира своите корисници да го користат своето вистинско име.

Целиот процес е поделен во три чекори, а откако ќе прифатите да го користите вашето вистиснко име, сите ваши појавувања на YouTube ќе се регистрираат со вашето име. Името покрај видеата и во коментарите ќе биде заменето со вашето вистинско име.

Сепак, доколку не сакате да се прикажува вашето име, имате опција да изберете дека не сакате да го користите, при што ќе добиете уште една порака со неколку други причини. За жал, „Сакам да останам анонимен“ не е една од нив.

Дали ова е потег од Google со кој ќе стави крај на огромниот број на спам коментари или говорот на омраза? Имате ли вие проблем со користењето на YouTube и другите сервиси под вашето вистинско име?

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top