До сега можевте да се претплатите да следите само други корисници. Тоа значи дека не сте му пријател, но може да му ги гледате постовите кои се јавни. Опцијата беше направена пред се за популарните корисници, како на пример Марк Закерберг. Но, сега Facebook ќе овозможи и претплата на фан страни за подискретно следење на некој бренд без потреба да го „лајкнувате“ и да го вклучите во вашите интереси.
Според MarketingLand, оваа претплатување може да направи проблем за брендовите да следат колку корисници им ја гледаат содржината. Но, иако брендовите се борат за „лајкови“ на своите страни, со претплатата корисниците ќе бидат охрабрени да го следат брендот без да знаат нивните пријатели, додека брендот ќе може да им пласира одредени постови кои лесно можат да се претворат во реклами.
Facebook потврди дека тестира ваква претплата на фан страни, но не сакаше да открие повеќе детали.
Друга новина за фан страните, која беше објавена на блог пост, е можност за објавување на „скриени постови“. Овие постови нема да се појавуваат на Timeline-от на фан страната, но ќе можат да се спонзорираат, односно да се претворат во реклами кои таргетираат сегментирана публика. Наместо тој пост да го гледаат сите претплатници на фан страната, администраторите ќе можат да го покажат само на одредена група според пол, локација или некој друг критериум.