Стив Балмер, извршниот директор на Microsoft денеска на бордот на директори на Yahoo! им даде три недели да решат дали ќе го прифатат нивниот предлог и изјави дека Microsoft нема намера да ја зголеми својата понуда… Ова се случува откако тимовите на двете компании составени од менаџери, правници и сметководители се состанаа по втор пат во претходнава недела и не постигнаа никаков договор.
Во официјално писмо упатено до бордот, напишано со строг тон и во стил на Балмер, тој истакнува дека претходната понуда на Microsoft од 31 US долар по акција е доста голема и е таква со цел превземањето на Yahoo! да се извршело пријателски и во краток период… за жал веќе два месеци ништо слично не се случило.
{mosimage}Балмер истакнува дека биле постигнати ограничени преговори помеѓу двете компании, но не било преговарано ништо значајно што би дало конкретни одговори бидејќи менаџментот на компанијата избегнувал средби со Microsoft.
Тој исто така тврди дека понудата е најдобрата алтернатива за Yahoo! споредена со онна на другите компании со кои компанијата преговара и дека со неа акционерите би биле навистина задоволни.
И покрај последните напори на Yahoo! да го зголемат својот дел со усвојување на нова 3 годишна стратегија со која се очекува зголемување на профитот од 1,9 милијарди US долари во 2007 на 3,7 милијарди до 2010, Балмер во писмото објаснува дека Yahoo! мора да се соочи со реалноста дека нивниот дел од пазарот полека се намалува и мора да биде превземено нешто во најкраток можен рок. Тој повикува на повторно состанување и преговарање со цел да се финализира договор во следните три недели, а ако тоа не се случи, планира да ја пренесе својата понуда директно до акционерите на Yahoo! со што доколку овој потег е успешен, ќе постои можност и бордот на директори да биде сменет.
Со давање на овој ултиматум, Microsoft докажа дека практикува внимателно планирана стратегија, додека Yahoo! сеуште делува малку изгубено и во дилема.
Извршниот одбор на Yahoo! се очекува да се состане во следните неколку дена да го дискутира писмото и ултиматумот на Балмер.
Балмер го направи својот потег, на ред е Џери Јанг, извршниот директор на Yahoo!…
*Писмото може да го прочитате на следниов линк.