Интернет криминалот во САД за 2007

во Свет

{mosimage}Криминалните активности на интернет во последната година, според истражувањето "Internet Crime Report 2007" кое се однесува на пријави базирани во САД, спроведено од Crime Complaint Center (IC3)  и ФБИ покажува загуби од сајбер криминал од околу 239 милиони американски долари, сума за 40 милиони поголема од онаа во претходната година.

Истражувањето се базира според бројот на пријави доставени до овој центар од страна на американските интернет корисници. Поточно, вклучени се над 90,000 пријави. Просечната штета изнесува 680 американски долари.

Истражувањето, поделено по области, покажа дека најчест вид на сајбер криминални активности се случуваат во вид на измами при аукции, дури 36%. Иаку оваа бројка е најголема, сепак споредена со извештајот од 2006 година е за 20.5% пониска. Вториот вид на сајбер криминал кој е најзастапен во пријавите е недоставувањето на порачаните продукти или пак на исплатите. Овој вид на измами сочинува 24.9% од резултатите.

Останатите области од сајбер криминалот од кои се причинети значајни штети вклучуваа крадење на идентитети, измами над финансиски институции, СПАМ и др.

IC3 започна со објавување на вакви извешстаи од 2000 година, забележувајки секоја година значаен пораст во бројките. Во 2005 бројките изнесуваа 183 милони долари, додека во 2006 198 милиони.

IC3 е проект соработка помеѓу FBI и NW3C.
Извештајот е достапен на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments