1 коментар 2 мин. читање 3 јули, 2012

Македонските власти без барање за цензура на твитовите

По примерот на Google, и Twitter го објави својот извештај за транспарентност за оваа година. Компанијата во првата половина од 2012 година има добиено повеќе барања за цензурирање на одредена содржина, отколку во целата 2011 година.

Во својот извештај, Twitter ги наведe сите земји чии влади побарале кориснички информации или побарале бришење на содржината поради различни причини, вклучувајќи и кршење на авторските права.

Најголемата бројка доаѓа од САД, со 679 барања за вкупно 948 Twitter корисници. Во Јапонија има 98 барања од 147 корисници, Канада и Велика Британија имаат по 11 барања, додека сите останати се со под 10.

Во извештајот се вклучени и бројки за тоа од каде се добиени барањата за бришење. Од основните судови има вкупно 3 барања, од кои 2 се од Грција, а 1 од Турција. Додека пак владите, полицијата или некоја друга надлежна агенција на Франција, Пакистан и Велика Британија имаат испратено по едно барање. Од Twitter немаат реагирано на ниту едно од сите овие барања.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Анон
Анон
13 years ago

Ти фали уште една реченица за да го објасниш насловот, како на пример: „Според извештајот, нема барања од Македонија…“, или нешто слично.

Мени
Заедница
Изглед
To top