0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2012

Facebook додаде икони за хомосексуални парови

Друштвената мрежа претстави нова икона за хомосексуални парови. Интересно, ова промена доаѓа откако еден од ко-основачите на мрежата, Крис Хаџис, стапи во брак со својот партнер Шон Елдриџ и отворено на Facebook ги покажа своите слики од свадбата на кои, покрај 2.500-те корисници, лајк кликна и Марк Закерберг.

Во САД се чини дека браковите меѓу хомосексуалните парови се се поприфатливи (и легални во одредени држави). Дури и претседателот Барак Обама изрази јавна поддршка за овие бракови, што не е чудно бидејќи претседателската кампања на г. Обама, која беше претпознатлива по користењето на друштвените мрежи, беше водена токму од ко-основачот на Facebook, Хаџис.

Facebook започна и соработка со американската GLAAD, организација за правата на хомосексуалците, со цел да го спречи малтретирањето на овие луѓе на друштвената мрежа.

Покрај Facebook, од неодамна и Apple додаде икони за хомосексуални парови во својот мобилен оперативен систем.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top