Mozilla уште од минатата година најави дека работи на сопствен оперативен за мобилни уреди, а денес на својот официјален блог објавија соопштение дека мобилните уреди со Firefox OS ќе почне да се продаваат на почетокот на следната година.
Оперативниот систем, кој ќе биде базиран на HTML5 технологијат, доби голема поддршка од Deutsche Telekom, Etisalat, Smart, Sprint, Telecom Italia, Telefonica и Telenor кои се надеваат дека овој ОС ќе се најде на идните паметни телефони. Првите телефони кои ќе работат на Firefox OS ќе бидат изработени од TCL Communication Technology (Alcatel) и ZTE, и ќе се појават во Бразил во 2013-та година.
„Со изработувањето на мобилен оперативен систем базиран на отворен код, ние продолжуваме со промоцијата на отвореноста, иновативноста и можноста на вебот за корисниците и развивачите“, изјави директорот на Mozilla, Гери Ковач.
„Следната година се очекува по првпат да се забележат милијарда корисници онлајн, па важно е да им понудиме паметен телефон кој секого ќе може да го користи. Голем број на оператори и производители го поддржуваат нашиот напор и со тоа допринесуваат со додатни средства“.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.