4 коментари 1 мин. читање

ВМРО-ДПМНЕ oбјави Android апликација, наскоро и за iPhone и iPad

ВМРО-ДПМНЕ ja претстави својата Android апликација преку која следбениците и фановите на партијата ќе можат да ги добиваат најнови вести, Twitter фид, и да прегледуваат галерија од слики и видеа. Наскоро ќе се појави и iOS верзија.

Апликацијата е едноставна. RSS фид на тоа што се објавува на сајтот на партијата. Но, тоа што е важно за ова „информатичко општество“ во кое живееме е што политичарите полека се ангажираат околу друштвените мрежи и мобилните платформите. Ангажирањето сега за сега се сведува во промовирање на своја содржина, со мала и често никаква интеракција и комуникација со граѓаните.

Интересно, и покрај тоа што е едноставен RSS фид без интеракција со корисниците и без опција за споделување на вестите на друштвените мрежи, сепак апликацијата има неверојатен максимален рејтинг од 5.0 во моментов додека го пишувам текстот. Сè уште нема колку пати е симната.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top