0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2012

Facebook го стартува App Center за десктоп, Android и iOS

И Facebook си претстави своја продавница за апликации. Друштвената платформа го најави App Centar-oт како место на кое може да се најдат мобилни и веб апликации по персонализирани препораки според пријателите и популарноста на апликациите.

App Center е достапен за десктоп компјутерите и за Android и iOS уредите на кои е симнатата најновата верзија на апликацијата.

Продавницата е одличен обид на Facebook да наметне поголемо влијание врз мобилниот пазар. Продавницата т.е. платформата преку кои трети издавачи можат да продаваат апликации ќе биде клучна во иднина, уште позначајна од денес кога над 230 милиони луѓе играат Facebook игри секој месец. Голем дел од 130-те игри кои имаат над 1 милион корисници никогаш немаше да стигнат до таа бројка без мрежата.

Аpp Center ќе биде достапен првин за корисниците во САД со над 600 апликации. За сите останати ќе биде достапен во текот на наредниве денови.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top