0 коментари 1 мин. читање

„Мамурлак“ е онлајн игра која ќе ги направи Zoom средбите позабавни

Дали „Zoom“-средбите ви се и премногу здодевни? Добра вест е дека ако сте љубител на друштвени игри, Горјан Јовановски со помош на неколку пријатели креираше онлајн друштвена игра која ќе ви помогне времето да ви помине побрзо.

Мамурлак“ е едноставна игра со карти. Играчот кој го креира „zoom“-повикот треба да ја сподели и страницата со карти. Сè што им е потребно на играчите е нивната омилена пијачка, и потоа картите се отвораат една по една, и играчите ги следат упатствата.

Картите се поделени во три групи: „пиј ако“, „гласање“ и „предизвик“. Во моментов има еден шпил, но има простор за повеќе шпилови, па веруваме дека наскоро ќе бидат додадени.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top