Ова е гостински текст на Петар Поповски професор и шеф на истражувачка секција за конективност на „Aalborg University“ – Данска. Текстот е објавен на неговиот блог на Medium, и го реобјавуваме со негова дозвола.
Лажните приказни за штетните ефекти на 5G мрежата го пронаоѓаат својот пат низ дигиталните канали и друштвените мрежи и мистично се поврзуваат со Ковид-19. За жал, кога една 5Г-антена беше запалена во Велика Британија, ефектите се префрлија од дигиталниот во физичкиот свет. Ова е повик за будење за луѓето кои работат во секторот за безжични комуникации, заедница на која и јас и припаѓам да „излезе“ и да даде појаснување.
Свесен сум дека овие појаснувања ќе треба да можат да се спротиставан на секој емотивен твит од типот „5G е штетен“, меме или некакво страшно видео. Ова е навистина тешко и ќе се обидам да бидам што е можно пократок, со следниве десет поенти:
Дали е глупаво што сум загрижен за 5G
Не имате полно прави да се грижите за секоја технологија со која не сте доволно запознаени. На пример луѓето беа загрижени кога беше воведена електричната енергија. Во музејот на Mercedes може да се слушне приказна дека на почетокот луѓето бегале како луди од возилата, но не се плашеле од постарата технологија (коњи). Разликата е што веќе неколку декади користиме безжична технологија, а 5G е само уште една безжична технологија (продолжете да читате пред да го отфрлите ова тврдење дека „5G е само друга безжична технологија“). Покрај правото да бидете загрижени, имате и право да бидете информирани, па дури и должност да бидете информирани пред на било кој начин да делувате против воведување на нова технологија.
5G е насекаде, ги чувствуваме ефектите на зрачењето
5G мрежата сè уште не е широко распространета. Колку луѓе познавате кои користат 5G за да сурфаат на телефон или на 5G таблет компјутер. Дури и овој број да не е 0 (верувам дека ќе биде), сепак е минијатурен во споредба со луѓето околу вас кои користат 4G, WiFi, 3G, 2G па дури и Bluetooth слушалки. Со ова безжичното зрачење на кое сме изложени од другите технологии се користи десетици години.
Ама, видов…
Во случајот 2 сте сретнале некој чии WiFi рутер има „5G“, ова не се однесува на „страшната“ 5G безжична технологија, туку користи фреквенцијата од 5 GHz. И да ова не е нова технологија, постои речиси две декади и имаме вакви предаватели во лаптопите и телефоните.
Дали 5G технологијата помага за распространување на Ковид-19?
Оваа теорија е на ниво на хипотезата за „рамна земја“. Сепак да одговорам љубезно ќе кажам дека со оглед на тоа дека 5G мрежата не е широко распространета и нема ниту најмала шанса да придонесе за распространување на корона вирусот. Ако сакате да обвините некоја технологија за ширење на вирусот погледнете ги авионите и автомобилите, сепак не сум сигурен дека е рационално да ги обвинуваме. Би рекол дека да беше 5G широко распространета во овие тешки Ковид-19 времиња, работата од дома и интеракциите ќе ни беа многу подобри.
Таа 5G базна станица ќе не испржи
Ако сте загрижени за било какво безжично зрачење од комуникациските системи, треба да знаете дека ако не седите до базни станици, или немате рутер до перницата, најголемото зрачење доаѓа од мобилните уреди. Но, тешко е да дојдете опасно блиску до базна станица; дури и за луѓето кои работат на одржување постои зона на исклучување. Причината за ова е што сигналот од уредите брзо слабее со растојанието, па сигналот од уредот во вашата рака е буквално милиони пати посилен од сигналот кој до вашиот уред, а и до вас стига од базните станици. Гледајте на ова ова. Ако во 80-те имавте радио со касета до вашето уво, свукот од него беше значително погласен отколку од огромниот звучник.

Да, ама 5G користи нови фреквенции
Претпоставувам дека се мисли на фреквенциите од таканаречениот опсег mmWave, како што се 30 GHz и 60 GHz. Точно дека овие системи се нови во контекст на мобилните системи за безжична комуникација (т.е. тие не биле користени во 4G или претходните технологии), но воопшто не се нови.
Веќе постои Wi-Fi стандард, наречен 802.11ad, кој користи 60 GHz; ова е истата фреквенција што може наскоро да пристигне кај вас преку рутерот во вашата соба, а и некои од полициските радари за мерење на брзината на возилата користат 30 GHz. Студиите за зрачење на овие фреквенции се во тек веќе неколку години и нема забележани штетни ефекти.
5G уредите се многу поштетни од 4G и постарите
Ако морам да искористам една реченица за да ја објаснам главната цел на дизајнот на системите за безжична комуникација таа е дека „Мора да обезбедат поголема брзина и да трошат помалку енергија“. На крај секој нов систем за безжични комуникации станува подобар во процесирањето и приемот на информациите. Накратко, најголем дел од поплаките за 5G на социјалните мрежи се испраќаат од уреди кои зрачат посилно отколку што ова би се правело на 5G уред.
Проверува ли некој дали 5G зрачењето е безбедно?
Луѓето задолжени за дизајн и анализа на системи за безжична комуникација вообичаено не се експерти за процена на влијанието на зрачењето на здравјето, а не сум ни јас. Сепак има експерти кои постојано работат на проверки на здравствените ефекти и определуваат дозволено ниво на зрачење. Гледајте на ова како на градење патишта една група прави патишта и определува максимална брзина, друга работи на возила кои можат безбедно да возат во овие граници. Последните насоки за зрачењето се објавени во март 2020, и не постои никаков показател дека 5G ги нарушува овие правила.
Како објаснувате што некои влади ја забрануваат 5G технологијата, на пример Белгија?
Ако има доказ дека некоја владата забранува 5G и има документ што ја објаснува причината, тогаш би и јас би бил многу заинтересиран да го прочитам. Во врска со Белгија, проверете го мојот напис што го напишав за панел посветен на 5G технологијата минатата година; Сепак белгискиот министер не бил цитиран на коректно и на непристрасен начин.
Работеше на 5G затоа го браниш
Не, не работам, но ја бранам комуникациската технологија која како што можете да видите е клучна да овозможи да функционира општеството во време на огромна изолација. Ако некогаш се појави доказ дека безжичните технологии кои ги користиме можат да креираат штетно ниво на зрачење се враќаме назад на развој и ќе ги поправиме/редизајнираме системите за да ги обезбедиме стандардите за безбедност. Може да се направи паралела со автомобилската индустрија или прехранбената индустрија, а со нови сознанија за опасностите безбедноста континуирано се подобрува, откривање на опасности не значи дека се враќаме на коњите.
Она што е неоспорно е дека не можеме да ги знаеме прецизно долгорочни ефекти на која било технологија, почнувајќи од додатоци за исхрана, лекови или безжична технологија. Но, според најдобрите сознанија што ги имаме денес, 5G, WiFi и другите вообичаени безжични технологии не се штетни во однос на зрачењето, како што заклучува и Светската здравствена организација. Сепак свесен сум за еден начин на кој 5G и другите безжични технологии можат да бидат многу штетни, а тоа е да пишувате и прелистувате содржини додека возите – тоа е единствената работа што треба да ве загрижува ако се плашите од 5G.
За крај, дури и по се наведено погоре, ако сè уште се плашите од зрачењето од 5G. Во тој случај не треба да се плашите само од 5G, туку треба да се откажете и од останатите безжични технологии: фрлете го вашиот мобилен телефон, извадете ги рутерите за WiFi во вашиот дом, не користете Bluetooth, користете само фиксен телефон и поврзете се на Интернет преку кабел. Не се согласувам дека е оправдано, но барем ќе биде во согласност со стравот од 5G.
За пандемијата на коронавирусот COVID-19
Ажурирано на
25/03/2020
Што е коронавирусот COVID-19?
COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.
Колку е заразен вирусот?
Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.
Каде е проширен вирусот?
Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.
Кои се симптомите?
За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.
Како да се заштитам себеси и другите?
Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.
Каде да се информирам повеќе?
Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:
- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.