0 коментари 1 мин. читање

Претворете ги вашите фотографии во слики од ренесансата со AI Gahuku

Дали би сакале вашата фотографија да ја преточите во интересна слика која како да е направена во Златното Доба на уметноста? Во случај на потврден одговор, не губете повеќе време и упатете се на следниот линк.

Резултатите знаат да бидат навистина импресивни

AI Gahaku е проект на јапонски девелопер кој се вика Сато. Сато има создадено еден вид уметнички генератор, целосно напојуван од вештачка интелигенција. До крајниот резултат од вашето ремек дело доаѓате во четири чекори. Избирате фотографија од вашиот компјутер, чекате минутка да се процесира, одбирате некој од понудените филтри, и потоа ја преземате или споделувате сликата на социјалните мрежи.

Резултатите знаат да бидат и нешто што ни во сон не би го очекувале

Сато објаснува дека фотографиите кои ќе ги испратите на серверот автоматски ќе бидат избришани. Исто така, да напоменеме и дека транзицијата кон ренесансата е возможна само со фотографии од вашето лице, така да, доколку очекувавте трансформирање на предели, ќе останете со празни раце.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top