1 коментар 1 мин. читање

Google и оддаде признание на македонската заедница на корисници на слободен софтвер

Google на својот блог наменет за слободен софтвер проекти објави пост за македонската слободен софтвер заедница. Ок, постот не е напишан од Google, туку од Тамара Атанасоска, член на оваа заедница и студент на Google Summer of Code. Но, сепак самата објава на официјалниот блог е одлично признание за работата на оваа заедница.

Тамара во овој блог пост пишува за Слободен софтвер Македонија кои организираа предавања на факултетите и споделуваа знаење за слободата во светот на софтверот. Таа пишува и за хаклабот КИКА, или „технолошки автономна зона“ каде е поканет секој што е заинтересиран да научи нешто повеќе за кодирање, за Linux, да дискутира за различни проекти или да добие потребна помош.

Во постот се споменуваат и дека оваа година седум студенти од Македонија успеаја да влезат на Google Summer of Code. Интересно на GSoC имаат примено повеќе луѓе од Македонија, отколку од Јапонија.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top