0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2012

Тwitter се спротистави на судска одлука во одбрана на корисничките права

Twitter одби да испочитува барање од њујоршки суд за да предаде информации за корисници кои учeствувале во протестите „Окупирај го Вал стрит“, велејќи дека твитовите припаѓаат на корисниците, не на компанијата.

Судот побара од друштвената мрежа да ги предаде твитовите и информациите за Малком Харис кој беше уапсен на 1 октомври заедно со стотина други протестанти. Обвинителите тврдеа пред судот дека твитовите на г. Харис ќе докажат дека тој намерно ја игнорирал полициската наредба да не се блокира сообраќајот за време на протестите. Њујоршкиот суд пресуди дека штом ќе бидат објавени, твитовите му припаѓаат на Twitter, што значи дека обвинетиот Харис не е заштитен од четвртиот амандман кој го дефинира претресот и запленувањето.

Но, Twitter се повика на своите Услови за користење кои велат дека корисникот е сопственик на своите твитови, и затоа нема да ја испочитуваат судската одлука со намера да си ги почитуваат правата на своите корисници.

Според Американската унија за граѓански слободи (ACLU), ова е голема одлука која ќе стави крај на агресивноста на властите да извлечат информации од веб сервисите без грижа за приватноста на корисниците.

„Ако интернет корисниците не можат да си ги заштитат своите основни права, тогаш единствената надеж е дека интернет компаниите ќе го сторат тоа.“

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top