За да ја потикнат е-трговијата, е-продавницата Exquisite.mk и Амбасадата на Кралство Норвешка организираат бесплатни обуки наменети за студенти и невработени. Обуките ќе се одржуваат еднаш месечно од мај до октомври 2012 година во времетраење од 2 дена (12 часа).
Краен рок за аплицирање е 25-ти мај, а за да учествувате потребно е да испратите пополнета апликација од еx.mk, заедно со копија од потврда дека сте студенти или невработен. Детали за бесплатните обуки ќе најдете на сајтот или да пишете на [email protected].
Термини за обуките:
- 29 и 30 мај 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
- 12 и 13 јуни 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
- 5 и 6 јули 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
- 30 и 31 август 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
- 18 и 19 септември 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
- 16 и 17 октомври 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







