Concord Keystone ја претстави водоотпорната ECO MarineCase маска за iPhone 4 и 4S токму пред летните одмори. Со неа сега ќе може да сликате и снимате и додека сте под вода, до максимална длабочина од шест метри.
Сликонската маска, со избор во бела или црна боја, го покрива целосно телефонот, но, според производителот, е доволно добро направена за да може да се користи под вода пример да се гледаат филмови или да се користи тастатура за пишување имејл. Maската чини околу 40 долари, но не успеавме да најдеме на сајтот на Concord Keystone дали испорачуваат во Македонија.
[youtube]xehzZgEQTdA[/youtube]
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.