1 коментар 1 мин. читање

Иран целосно ќе го изгаси Интернетот

Милиони ирански интернет корисници нема да можат да пристапат до глобалната мрежа, и ќе бидат изгасени од друштвените мрежи и имејл сервисите, пишува International Business Times.

Според весникот кој цитира соопштение од иранскиот министер за информатичка и комуникациска технологија, Реза Тагипур, иранската влада сака да „го исчисти интернетот“ и ќе гради свој национална мрежа во рок од пет месеци преку која ќе се блокираат сервиси како Google, Yahoo, Hotmail и други.

Сите сервиси ќе бидат заменети со ирански алтернативи кои бараат автентични кориснички информации за да бидат користени, како личен идентитет, цело име и домашна адреса. Регистрацијата на тие сервиси ќе биде остварена само откако ќе се верификува идентитетот.

Иран, каде провајдерите веќе користат филтри за содржина, ќе се обиде и да воспостави подобра контрола врз прокси серверите со цел да ги спречи корисниците да пристапат до забранети сајтови.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top