Марк Закерберг само што објави на својот Facebook профил дека го купи Instagram, мобилна апликација за споделување на фотографии, за скоро една милијарда долари во кеш и акции.
Instagram стана неверојатно популарна апликација за iPhone поради можноста да се едитираат фотографиите со филтри и да се споделуваат со пријателите. Откако забележа успех на iOS, имаше над 20 милиони корисници кои споделија 100 милиони фотографии, Instagram стартуваше и Android верзија. Оваа верзија беше објавена минатата недела и за само еден ден беше симната неверојатни еден милион пати.
„Facebook и Instagram нудат различно искуство, но се надополнуваат едно со друго. Но, за да го направиме ова како што треба, треба да бидеме внимателни и да го изградиме Instagram, наместо да го интегрираме во Facebook. Токму затоа ќе останеме посветени на независно градење на Instagram.“, вели Закерберг.
Тој додаде дека тоа што Instagram е поврзан со други сервиси покрај Fаcebook е и една од предностите на сервисот за фотографии, и затоа ќе се задржи таа функционалност да соработува и со другите друштвени мрежи. Ова е прва аквизиција на Facebook на сервис со дестина милиони корисници.








Тоа да, ама ете пример Dropbox, и Џобс даде понуда да ја купи компанијата, ама тој што сака да тера свој бизнис, без да му се меша некој, и без да постанува нечие пиунче, не ја продава..
Секој што има фирмичка со 10-20 вработени, ако му понудат 1 милјарда долари нормално дека ќе ја продаде.
Ништо, се што можеше да се купи од малите бизниси е купено, и не постои.. што ќе беше ова, никој неможе да истрае независен? :(