1 коментар 1 мин. читање

Vox.io, словенечкиот конкурент на Skype, додаде чет кој ја прикажува содржината на линковите

Словенечкиот стартап Vox.io кој нуди веб базирани видео и телефонски разговори, сега претстави и инстант месенџер преку кој ќе се прикажуваат и линковите од над 200 сервиси. Пример, споделен YouTube линк ќе прикажува видео внатре во четот наместо да ве води на сајтот на видео сервисот. Ова е овозможено благодарение на тоа што Vox.io работи на прелистувач, не е посебна апликација.

„За време на разговори, понекогаш треба да искористите нешто повеќе од само вашиот глас или насмевка за да комуницирате. Затоа го воведуваме оваа богато искуство на споделување содржина [фотографии и линкови] во Vox.io повиците.“ , вели стартапот на својот блог.

Покрај четувањето и прикажување на линковите, Vox.io претстави и опција која праќа порака до соговорникот кој не е онлајн. Сервисот ги складира тие пораки и ги доставува во моментот кога корисникот ќе се вклучи на сервисот. Има опција и за праќање на SMS директно од интерфејсот за четување.


Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top