0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2012

Angry Birds Space е симната 10 милиони пати за само 3 дена

Редизајнираните гневни птици, сега со нови моќи за битката со свињите сместена во Вселената, се симнати над 10 милиони пати за само 3 дена. Rovio ја сподели оваа статистика преку твит без да искоментира како се симнувањата распределени преку различните платформи: iOS, Android, декстоп компјутери.

Без да се бројат додадените нивоа, Аngry Birds Space е само второ продолжение на играта која беше претставена во 2011-та и која го освои светот. Rovio најави дека ќе пласира уште четири надоградби на играта до крајот на 2012-та година, заедно со дополнителни бесплатни нивоа, што сигурно ќе ја зацементира позицијата на Angry Birds како топ мобилна игра на сите времиња.

За жал, ова нема да им се допадне на Microsoft и Nokia чија платформа Windows Phone сè уште останува без Angry Birds Space.

[youtube]WKgGphfZXqA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top