Ако верувате дека на Facebook му требаат Dislike копчиња и опции да искажете незадоволство, тогаш сигурно ќе го поддржите професорот Дин Тери од Универзитетот на Тексас кој ја разви EnemyGraph апликацијата преку која може да ги излистате непријателите. Според професорот, проблем со Facebook е што наметнува култура да се биде фин.
„Сакавме да им дадеме шанса на луѓето да искажат незадоволство. Го користиме зборот ‘непријател’ исто толку точно како што Facebook го користи зборот ‘пријател’.”, вели професорот за Mashable.
Eдна предност која ја има апликацијата е што може да им помогне на огласувачите да дознаат што не им се допаѓа на луѓето, наместо да знаат само што им се допаѓа.
„Можеш многу да научиш од луѓето и од што ги многу нервира и не им се допаѓа. И второто нешто е што ако на мене и на тебе заедно не ни се допаѓа нешто, тогаш ние креираме друштвена врска која се уште не е истражена во друштвените медиуми, освен големите примери како Kony”, вели професорот Тери.
Апликацијата не е супер популарна, има неколку стотини корисници во моментов, но го привлече вниманието на многумина токму поради експериментот кој го претставува. Всушност, можно е и да не трае долго време, вели професорот. Научен од претходното искуство од неговата Undetweetable апликација која беше блокирана од Twitter, тој вели дека е можно Facebook да ја блокира и EnemyGraph.







