0 коментари 1 мин. читање

Фотографиите на Facebook ќе се прикажуваат во четири пати подобра резолуција

Сите 250 милиони фотографии кои се закачуваат на Facebook секој ден сега ќе бидат со 4 пати подобар квалитет. Друштвената мрежа автоматски ќе ги прави фотографиите да бидат со најголем можен квалитет. На големи екрани, фотографиите ќе можат да достигнат квалитетот од 2048 x 2048 пиксели, се разбира доколку се сликани со доволно квалитетен фотоапарат.

Дополнително, за да го истакне квалитетот, прегледувачот за слики ќе биде на цел екран. Само ако користите Chrome или Firefox на горниот десен ќош на фотографијата ќе забележите стрелка за зголемување на фотографијата. Иако фотографиите ќе бидат на цел екран, сепак Facebook ќе го задржи друштвеното и ќе има простор за Like копчето.

Под „хаубата“ Facebook го подобри и sRGB профилот што значи дека фотографиите ќе бидат прикажани со поистакнати бои. Закачувањето на фотографии со висок квалитет ќе биде можно само преку веб, не и преку мобилните апликации.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top