3 коментари 1 мин. читање

Kреаторот на Linux одбил понуда за работа од Стив Џобс

Во интервју за Wired, креаторот на Linux kernel, Линус Торвалдс откри дека во 2000 година одбил работа во Аpple. Тој ја одбил понудата бидејќи не му се допаѓал Mac Os Mach kernel и бидејќи Стив Џобс инсистирал тој да престане да работи на Linux.

„Тој сакаше да работам во Apple на не-Linux работи. Јас реков не.“, вели г. Торвалдс кој сега ја води Linux фондацијата.

Во 2000-та никој не можеше да претпостави дека Стив Џобс ќе направи револуција која ќе му донесе огромно богатство на Apple. Но, тоа се чини дека не е проблем за креаторот на платформата врз која е изграден бизнис софтверот на Red Hat, и, интересно, мобилниот оперативен систем Android на Google кој сега е најголемиот конкурент на Apple-овиот iOS.

„Среќен сум со чувството дека го направив правото нешто.“, вели г. Торвалдс.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top