9 коментари 2 мин. читање

IT.mk или IT.com.mk? Сеедно… пак ќе дојдете на овој сајт

По четири години конечно успеавме да го добиеме IT.mk доменот со кој сега на сите посетител ќе им овозможи ме полесен пристап. Дали ќе внесете IT.com.mk или IT.mk вие ќе се најдете на овој сајт! :)

Приказната зад IT.mk доменот се влече уште од стартување на порталот, уште од 2008-ма година. До сега не можевме да го регистрираме IT.mk бидејќи според старите правила на МАРНет, ни требаше согласност од сопственикот на IT.gov.mk кој беше неактивен, но зафатен домен. Ниту Владата, ниту ние не сакавме да дадеме дозвола. Едноставно речено беше комплицирана ситуација.

Но, како што дознавме од неодамнешното интервју кое го направивме со директорот на новиот МАРНет, Сашо Димитријоски, регистарот сега се реформира со нов правилник кој ќе дозволи либерализација на домените, можност да се регистрираат од правни и физички лица, и можност секој да закупи домен по желба. Бидејќи IT.gov.mk е владин домен на неактивен сајт, и бидеќи .мк домените треба да бидат оставени за комерцијални цели, IТ.com.mk доби слобода и шанса да го грабне доменот IT.mk. Тоа и го направивме.

Сега сите вие: читатели, форумџии, критичари, хејтери, фанови и случајни посетители ќе имате полесен URL за паметење.

IT.mk или IT.com.mk? Сеедно… пак ќе дојдете на овој сајт

П.С. Кој знае можеби треба да се прекрстиме во ИТ.мк? :P

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top