0 коментари 2 мин. читање 31 јануари, 2012

Стара школа 3Д фотографии

Иако сега скокаме од среќа на новиот Transformers филм што се гледа со 3Д очила, стереографската технологија веќе подолго време постои и е достапна во Њујоршката јавна библиотека, но досега никој не ја реискористил таа технологија користејќи понови методи за прикажување 3Д содржини.

Сега библитеката ја претстави Stereogranimator, апликација која користи анимирани .gif фотографии за да ги претвори стереограмските фотографии во нешто што може да се гледа без наочари и без да ги извртувате очите накосо што претставува алтернативен начин да се види стереографска фотографија.

За тие што се веќе опремени со наочари и пуканки, можат исто така да уживаат во архивата од стари фотографии со тоа што апликацијата нуди и 3Д анаглифи. Ова е шанса да видите пред сто години што било сметано за тридимензионална забава како денес што се смета Avatar или Transformers.

GIF made with the NYPL Labs Stereogranimator - view more at http://stereo.nypl.org/gallery/index
GIF made with the NYPL Labs Stereogranimator

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top