Aгенцијата за електронски комуникации одлучи трите најголеми македонски оператори, One, Vip и T-Mobile ќе добијат лиценца за користење на 4G, пишува Alfa Tv.
4G е ознака за четвртата генерација на мобилните безжични стандарди, односно на технологија која овозможува брз интернет (до 100 Mbit/s) и пренос на податоци, a има и потенцијал за стримање на мултимедија, IP телефонија и подобри гејминг сервиси.
„Се прави регонална анализа во однос на претплатници и во однос на физибилноста на таа мрежа. Наскоро ќе искочиме со комерцијален податок и очекуваме веќе на почетокот на наредната година да ги доделиме лиценциите за 4G.”, вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.