*текстот е едитиран со информации за цената, и сега е попрегледен
На сајтот на T-mobile.com.mk се појави страница која го промовира новиот iPhone 4S. На сајтот стојат само детали за телефонот и дека ќе биде достапен наскоро.
Но, се знае дека телефонот ќе биде достапен на 25.11. Тоа е напишано во е-билтенот кој T-mobile го праќа до корисниците (благодариме @danijanev). Овој датум се појавува и во Хрватска каде тамошниот T-mobile веќе има објавено на сајтот дека iPhone 4S ќе пристигне на 25.11.
Телефонот ќе чини од 11.000 денари за 16 GB модел до 23.500 ден. за 64 GB модел. Ќе може да се купи црн и бел модел. Ќе може да се купува на рати.
4S е нова генерација на iPhone и е со значително подобри хардверски перформанси од претходните модели. Има dual-core А5 процесор, подобра батерија со 8 часа време за зборување, 8 мегапиксели камера со поддршка за 1080p видео, работи на iOS 5, а тоа што е најинтересно кај уредот е што има и личен асистент наречен Siri.

Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.