0 коментари 1 мин. читање

МИОA ќе креира систем за синтеза на говор на македонски за корисниците со оштетен вид

За да им се помогне на лицата со оштетен вид полесно да користат компјутер, Министерството за информатичко општество, заедно со Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство и Сојузот на слепите, ќе изработи синтетизатор на говор кој ќе продуцира разбирлив говор врз основа на македонскиот јазик.

„Синтетизаторот на говор претставува софтверско решение кое генерира аудио говор, наменет пред сè за слепи лица или лица со оштетен вид при нивна работа со компјутери.“, објаснува ИТ министерот Иво Ивановски.

„Иако во моментов постои софтвер за синтеза на говор, сепак тој е основан на јазичната структура на други јазици, и согласно на тоа квалитетот на ова софтверско решение не соодветствува со потребите на слепите лица во Република Македонија при работа со македонски содржини. Таквото решение воопшто не ги задоволува потребите на слепите лица и сеуште за нив постојат пречки во искористување на придобивките од информациско – комуникациските технологии.“

I stigna #mkwin -ot za denes http://t.co/ZWf36LN5 bravo!
Nov 22 via webFavoriteRetweetReply

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top