Бредли Манинг ќе има шанса да се појави пред воен суд на 16 декември откако помина претходно повеќе од година и пол во затвор. Тој е осомничен дека е извор за Wikileaks кој им достави доверливи армиски документи.
Со ова судење армискиот аналитичар Манинг и неговите адвокати ќе ја добијат првата шанса да се изнесат за случајот. Ова сослушување ќе трае пет дена и ќе даде шанса на судијата да одреди дали случајот треба да биде претставен пред воен суд.
„Примарната цел на Article 32 сослушувањето е да ги оцени релевантните сили и пропусти во владиниот случај како и да обезбеди одбрана со шанса да се добие пресудски откритија“, објаснува адвокатот на Манинг, Дејвид Е. Комбс на својот блог.
Манинг е обвинет за откривање на владини тајни и „помагање на непријателите“. Последново обвинување се казнува со смртна казна, но во овој случај властите ќе бараат затворска казна.
Тој беше уапсен во мај 2010-та година во Ирак, откако негов познаник предаде чет логови на FBI во кои Манинг вели дека соработувал со Wikileaks, oдносно дека им предал купишта доверливи документи. Wikileaks во тој период го објавија авганистанскиот дневник, ирачкиот дневник, видеото „Колатерално убиство“ и стотина илјади доверливи дипломатски документи. Wikileaks никогаш не откри дали Манинг е правиот извор.