0 коментари 3 мин. читање 8 ноември, 2011

ИТ настани: Твитерџиите се собираат на #твитерајвар и #твитерфудбал

Благодарение на супер активната .мк Twitter заедница, се повеќе може да се види организација на разни #tweetup-и, oдносно настани за дружба меѓу твитерџиите.

Тоа што е за одбележување е што утре, среда 09.11, се случува прв #tweetup организиран од компанија. Се работи за настанот #твитерајвар организиран од Дием-ГП, компанија за производство и преработка на овошје и зеленчук.

#Твитерајвар е настан каде мора да се појавите гладни. Тоа што е интересно е што иако настанот е отворен за сите твитерџии, на дел од твитерџиите им стигна покана по пошта за настанот што предизвика доста интерес меѓу заедницата.


„Се трудиме да биде што по-неформална комуникацијата со корисниците, за да може да ни се обратат.“, вели Димитар Атанасов од Дием-ГП во подкастот на Комуникации.нет.

„Ги следевме дискусиите за ајварот на Twitter, потоа по предлог на Мите, сакавме со #твитерајвар да направиме пандан на #твитерпиво што беше неформално организиран настан, но се покажа како успешен настан. Сакаме ова да изгледа како поттикнато од Тwitter заедницата, ние само ќе го спонзорираме како компанија со храна.“

#Твитерфудбал

Друг тип на настани кои се организираат од македонската Twitter заедница се мали спортски настани, како што е #твитерфудбал организиран од Дарјан Раденковиќ.

Обично овие настани се организираат од корисниците и се мали, но се случуваат доста често и стануваат еден вид тренд. До сега имаше собири за баскет и фудбал. Секако, за ваквите собири помага што при секој поголем спортски настан на Twitter има огромна активност, односно се коментира за самиот настан, па преку тие хаш-тагови и дискусии се запознаваат корисниците кои се заинтересирани за спорт.

Потсетување за #твитерфудбал утре http://t.co/f59BszGi и апел за поддршка од страна на твитерџикитие од типот #твитернавивачки :)
Nov 07 via TweetDeckFavoriteRetweetReply

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top