Apple му ја зеде лиценцата на безбедносниот експерт Чарли Милер бидејќи креирал апликација која дозволува неодобрен код да биде стартуван на iPad и iPhone, пишува Forbes. Тој бил дел од програмата за наоѓање на iOS грешки, програма која беше стартувана од Apple во февруари.
Г. Милер на SysCan конференцијата во Тајван презентираше метод како да се провлече апликација во App Store која може да ги заобиколи рестрикциите на Аpple и да извршува кодови кои не би требало да ги извршува. Тој веќе имал закачено апликација во продавницата која можело да се поврзе со далечински компјутер и да симнува команди на уредите кои можеле да пуштаат звуци или да крадат кориснички информации.
„Со оваа грешка, не можете да бидете сигурни дека тоа што го симнувате од App Store ќе се однесува фино.“, објасни хакерот.
Но, се чини тоа на Apple не им се допадна, па по само по неколку часови откако Forbes објави за грешката, му испрати имејл на г. Милер велејќи дека неговата лиценца е прекината. Тоа што е чудно е што г. Милер всушност претставувал демо и концепт за безбедносни грешка, што воедно и е дел од неговата соработка со Apple – да им пријавува грешки.
Од Apple сè уште немаат искоментирано зошто му е одземена лиценцата.
„Не морав да ја пријавам грешката. Можеше некој лош тип да ја најде и да развие вистински малициозен код“, вели хакерот Милер додавајќи „ми недостасува Стив Џобс. Тој не би ме избркал.“








Човекот не бил вработен во Apple туку "Mac" хакер односно бивши вработен во NSA.
И после исвиркувачите во Америка имале високи права и биле наградувани … абе ајде =.=" сегде е исто … затоа ќути си да не добиеш клоца …