Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и студиото за визуелни ефекти Fx3x стартуваа соработка што ќе резултира со воведување на нови предмети во студиските програми на факултетот.
„Соработката со индустријата е еден од главните приоритети за ФИНКИ. За таа цел направивме студиски програми кои продуцираат кадри кои ќе имаат доволно специјализирано практично знаење за да можат веднаш да почнат со работа на реални проекти во компаниите.“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.
„Во оваа насока соработката ќе се одвива преку директно вклучување на компаниите во ажурирањето на студиските програми, потоа преку нивно учество во изведувањето на наставата каде експерти од ИТ индустријата ќе им предаваат на студентите за технологии кои тие ги користат. Се разбира, останува и соработката во поглед на пракси, семинарски работи и вработувања.“
ФИНКИ ќе воведе промени во постоечките промени, пример во предметот за веб дизајн повеќе внимание ќе посвети за софтверските алатки за обработки на слики, а во предметот за компјутерска графика поголем аспект ќе има на 3Д моделирање на анимирани објекти.
„Поголемите промени и интервенции ќе бидат вклопени во ажурираните студиски програми што ќе треба да започнат од следната учебна година.“, вели г. Трајанов.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.